Вашата приказна,
претворена во
MiniBrick рамка.
Персонализирај фигури, позадина и порака и создај подарок што е само ваш.

за вас
Подарок за
секоја приказна.
За големите прослави и малите „те сакам“ моменти. Почнете од поводот, а продолжете со деталите што се ваши.
Создадете рамка што
значи нешто
Одберете ги деталите, а приказната ќе оживее пред вас.
Колку фигури сакате?
Секоја личност има свое место во вашата приказна.
Големина: 15 × 20 cm. Без доплата за боја на рамка.
Се вчитува позадината…Прегледот е приближен и ни ги дава информациите за кој модел конкретно го сакате – финалниот дизајн го изработуваме специјално за вас и ги елиминираме грешките што можат да се јават при овај скициран преглед.
Кликнете тука за да ги видите вистинските производиИзработка и достава: 2–3 работни дена. Плаќање во готово при достава.
Од идеја
до подарок.
Вие ги одбирате деталите. Ние им даваме форма на спомените.
Избери
Одбери повод, број на фигури и стил.
Персонализирај
Додај имиња, датум, порака и детали.
Ние ја изработуваме
Секоја рамка ја подготвуваме внимателно специјално за вас.
Не е само рамка.
Тоа е ваше.
Понекогаш најубавите подароци не се големи. Само точно знаат што да кажат.
Како започна
нашата приказна.
Во големиот избор на подароци што денес можат да се купат, сакавме да создадеме нешто поинакво. Нешто што нема само да стои на полица, туку ќе раскажува приказна.
Креирај рамка
Секој спомен има свое место.
Така се роди идејата за нашите персонализирани Brick рамки. Секоја рамка започнува со спомен – момент што сакате да го зачувате, личност што ви значи или приказна што вреди да остане засекогаш. Од вашите идеи, имиња, посвети и детали, создаваме уникатна композиција која го претставува токму она што го чувствувате.
Не веруваме во подароци кои се забораваат по неколку дена. Веруваме во подароци што предизвикуваат насмевка секојпат кога некој ќе ги погледне. Затоа секоја рамка е внимателно дизајнирана и подготвена специјално за вас, со детали што ја прават единствена и неповторлива.
Без разлика дали станува збор за пар, семејство, најдобри пријатели, роденден, годишнина или некој друг важен момент, нашата цел е да создадеме спомен што ќе трае и секојпат ќе предизвика радост во вашите срца.
Разгледајте ги изработкитеПред да ја
создадете рамката.
Одговори за персонализацијата, цената, доставата и нарачката.
Што можам да персонализирам?
Бројот на фигури, името, полот, косата, облеката и лицето на секоја фигура, милениче по желба, бела или црна рамка, позадина од колекцијата или календар, текст или посвета и важен датум. Фигурите се персонализираат според вашите желби, со најсличната достапна комбинација на коса, облека и детали.
Колку чини рамката?
Рамка со 1 фигура 1.290 ден., со 2 фигури 1.690 ден., со 3 фигури 2.090 ден., со 4 фигури 2.490 ден.. Секоја дополнителна фигура +350 ден., секое милениче +150 ден.. Доставата е 170 ден.. Вкупниот износ го гледате пред да ја испратите нарачката.
Зошто некои опции пишуваат „Нема на залиха“?
Фигурите ги составуваме од делови што ги имаме. Кога некоја боја, фризура или милениче привремено ја нема, ја означуваме и не може да се избере. Залихата се обновува, па проверете повторно подоцна.
Како се избира датумот на календарот?
Во Позадина изберете Календар, па месец, година и ден. Црвениот круг се преместува на избраниот датум. Датумот во текстот се уредува одделно во чекорот Текст.
Колку траат изработката и доставата?
Изработката и доставата траат 2–3 работни дена. Доставуваме низ цела Северна Македонија.
Како се плаќа?
Само во готово, при достава. Не се плаќа однапред и не бараме податоци за картичка.
Може ли да се врати нарачката?
Не. Секоја рамка се изработува лично за вас, па не нудиме враќање ни поврат на пари. Затоа внимателно проверете ја нарачката пред да ја испратите.
Како да нарачам?
Во последниот чекор внесете име, телефон, адреса и општина, прифатете ги условите и кликнете „Испрати нарачка“. Ќе добиете број на нарачка (на пр. MB-000123). Ќе ве контактираме за да ја потврдиме.